Македонија
12. December 2019 - 12:04

Дебата за новиот Закон за надворешни работи, Синдикатот остро се спротиставува

Над 80 отсто од шефовите на дипломатските претставништва ќе бидат дипломати од кариера. Ова е една од најзначајните промени кои го предвидува новиот Закон за надворешни работи.

Исто така, во текстот се предлага одвојување на дипломатската од административната служба, што според министерот Димитров е неопходно за правилно функционирање на Министерството.

За нацрт законот денеска беше одржана јавна дебата, на која беше посочено дека текстот на Законот е подложен на сугестии и измени во наредните 10 дена. На новиот Закон силно се спротиставија од Македонскиот дипломатски синдикат. Посочија дека ќе поднесат преку 30 забелешки. Текстот е изготвен во затворен круг луѓе и ќе предизвика авторизирано министерство, но и нестручен кадар, посочуваат од Синдикатот.

 

Горан Симоновски