Дебата: Политиката да се тргне настрана од економијата
Наламување на регулацијата и ослободување на пазарот за секој да може да го почне својот бизнис како што сака. Ова е најбрзиот начин за намалување на невработеноста и за зголемување на животниот стандард во земјава, беше речено на денешната дебата „Креирање нови работни места и поттикнување на претприемништвото преку концептот на хибриден пазарен модел „sharing economy“ и засилување на европската демократија“.
Експертите присутни на дебатата порачаа дека економијата најдобро просперира кога власта се држи настрана од бизнисот и го остава пазарот сам да ги реши своите проблеми, сам да ги обезбеди и да ги алоцира средствата за функционирање. Не е битен квантитетот, туку квалитетот на работните места, тие треба да бидат продуктивни.
За зголемување на претприемништвото и на бројот вработени, беше речено, покрај намалување на даноците, е неопходно и кратење на државните субвенции.
- Граѓаните треба да прават сопствен избор, да носат сопствени одлуки и да инвестираат во она што сами ќе одлучат. Би било подобро власта помалку да се меша, а тие да имаат поголема слобода, истакна Рандал О Тул, виш научен соработник во САТО Институтот кој работи на прашања поврзани со урбаниот развој, јавното земјиште и транспортот.
О Тул смета дека токму граѓаните знаат што е најдобро за нив, поради што, нагласи, и не е се толку неопходни владините поддршки.
Според Мајкл Вилијамс, основач на Алтиус Фајненшл, инвестициски советник и сертифициран финансиски консултант, за успешен бизнис, младите треба да го изберат она што навистина сакаат да го работат, она кон кое имаат афинетет. - Треба да размислат за што се најмногу заинтересирани, во што може да бидат најпродуктивни и што најмногу ги исполнува, но, од друга страна, треба да се слуша и пазарот, да се знае, анализира, што навистина му е неопходно и што бара, истакна Вилијамс.
Субвенциите за вработувањето се, како што оцени, грешка. - Граѓаните треба да го имаат сопствениот капитал кај себе зашто во секој случај носат и прават подобри одлуки од политичарите, подвлече Вилијамс.
И според студентската организација „Студенти за слобода“, ако парите се кај пазарот, многу полесно можат да отворат работни места и да го зголемат стандардот. - Ние се бориме за таквите политики, за таа филозофија, зашто преку неа ќе напредуваме полесно и побрзо, нагласи Наум Локоски од „Студенти за слобода“.
Дебата ја организираа Австрискиот економски центар од Виена и Правниот факултет во Скопје во рамки на меѓународната конференција „Европа во време на промени“.
Ново на Сител
-
Родителите на четворица британски тинејџери го тужат ТикТок поради смртта на нивните деца
-
За поубав сон: Скандинавски начин на спиење
-
Урсула фон дер Лајен и Туск: Шверцерите, Лукашенко и Путин нема да одлучуваат кој ќе влезе во Европа
-
Единаесет килограми опиум пронајдени во Велес, истрага за недозволена трговија со дрога
-
Утре студено со утринска магла по котлините
-
Татко пријавил дека малолетници ја допирале неговата ќерка во автобус на ЈСП, еден од нив и се соблекол пред неа
-
80-годишна жена од Скопје измамена за сума од 615.000 денари, и кажале дека нејзината ќерка прегазила дете
-
Стабилно и суво време за викендот, снег се очекува наредната седмица