Дебарското Езеро спасено од еколошка катастрофа

Заврши акцијата на ЕЛЕМ за чистење на отпадот од Дебарско Езеро со што е спречена еколошката катастрофа што му се закануваше на езерото. На површинските води и брегот на Дебарско Езеро, во делот од Косоврашки до Мелнички мост, повеќе го нема големиот отпад што по дождовите го донесоа надојдените реки Радика и Црн Дрим и нивните притоки.
- Вработени од Хидроенергетскиот систем (ХЕС) „Црн Дрим“, кој ги опфаќа хидроелектраните „Шпилје“ и „Глобочица“ во изминатите две недели беа максимално ангажирани во правец да се спречи еколошката катастрофа која му се закануваше на езерото, во што и успеаа иако тоа не е обврска на ЕЛЕМ. И оваа, како и акциите спроведени изминатите години, се во рамките на техничките можности и грижата на ЕЛЕМ да се има чиста езерска вода и околина, изјави Тони Маркоски, директор на ХЕС „Црн Дрим“.
Според Маркоски, собрани се и транспортирани во дебарската депонија околу илјада вреќи отпад, пред се пластичен, потоа многу стари апарати за домаќинство ,како и над 230 метри кубни дрвен отпад.
Од компанијата апелираат до жителите од регионот на општините Дебар и Центар Жупа и подрачјето на Река, каде минува Радика, да не фрлаат отпад насекаде, туку да водат поголема грижа за заштитата на животната средина.
Ново на Сител
-

Руте: Словенија, Албанија и Чешка не ја исполнија целта на НАТО за одбранбени трошоци
-

Николоски-Баша: Изградбата на автопатот Скопје – Блаце е клучна за економската соработка меѓу Македонија и Косово
-

СП 2026: Нејмар нема да настапи против Хаити
-

СП 2026: Роналдо повикува на фокус на следниот натпревар
-

Украина и Русија повторно разменија тела на загинати војници
-

Бројот на новороденчиња во Грција за една година намален за 4,2 отсто
-

Израел објави нова карта на териториите под контрола на ИДФ во јужен Либан
-

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари
