Македонија
1. January 2016 - 17:08
Дебармаалци ја продолжуваат традицијата
Дебармаалци и годинава први на оро. Бурната новогодишна ноќ не ги спречи старите скопјани да ја продолжат традицијата стара 89 години. 12 часа подоцна, во Дебар МАало се пречекува новата година. Кисела зелка и туршија за трезнење, ракија да трегне годината,се кршеше погача , се преде кумството, по малата гозба, се заигра. Новиот и стариот кум поскаа здравје, среќа и бериќет.
Традиционалното новогодишно оро е машко оро, велат дебармаалци. Жените се добредојдени, но пдобро е да бидат дома да виткаат сарма и прават кифлички.
Идадија е едиснтевената кафеана која работи на први наутро и бесплатно ги гости сите дебармаалци.Овде времето не се мери, се е исто како пред девет децении, се менуваат само главните актери.
-
Весна Ќуксановиќ
Сите содржини од овој новинар
-->
-->