Де Мистура:Следниот круг политички преговори за Сирија на 23 март
Следниот круг политички преговори под покровителство на ОН за кризата во Сирија ќе почне на 23 март. Тоа го изјави синоќа специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стафан де Мистура откако зад затворени врати поднесе извештај пред СБ на ОН.
Според него, петтиот круг од преговорите ќе се фокусира на темите – управување, нов устав, избори и борба со тероризмот. Тој ги повика учесниците во другиот процес преговори во Астана да надминат пречки за траен прекин на огнот во Сирија. Преговорите во главниот град на Казахстан се под покровителство на Русија, Иран и Турција.
Де Мистура напомена дека ако нема стабилно одржување на прекинот на огнот тоа ќе се одрази и на преговорите во Женева. И во петтиот круг се очекува преговори со посредници наместо директни преговори.
Ново на Сител
-
Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши до средината на јуни
-
ДУИ и ВРЕДИ со реакции по одлуката на Уставен за Медресата во Кондово
-
СДСМ не исклучува разговори и со Таравари за локални
-
Преглед на вестите од светот
-
ССМ на првомајски протест
-
Традиционален првомајски пикник
-
Oхрид за првомајските празници исполнет со гости
-
Преглед на вестите од светот