Де Мистура: Нова уште полоша војна е алтернативата на мировните преговори за Сирија
Специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН за Сирија, Стафан де Мистура, изрази надеж дека на меѓусириските преговори во Женева можно е да се постигне спогодба во трите круга преговори, пренесе ТАСС.
Тој за оваа чувствитена тема денеска зборуваше на брифинг за медиумите во Женева.
- Постои соодветно разбирање во однос на роковите, во чиј тек се планира постигнување согласност. Ќе се одржат три преговорачки круга, од кои првиот почнува денеска. Се надевам дека во текот на овие три планирани круга резултатот ќе биде постигнување „Акциски план“ за мирно надминување на конфликтот, посочи Де Мистура.
Клучен момент е постигнување согласност за политичка транзиција, рече пратеникот на ОН, посочувајќи го главниот камен на препнување меѓу режимот во Дамаск и опозицијата - проблемот со повлекувањето на претседателот Башар ал Асад пред формирањето на некаков „преоден орган“ во земјата.
Де Мистура призна дека меѓу учесниците во преговорите остануваат значајните разлики.
- Ако не видиме подготвеност за одење напред, тоа прашање повторно ќе биде пренесено на копретседателите на Меѓународната група за поддршка на Сирија, од Русија и САД, а, исто така, и на Советот за безбедност на ОН, забележа тој.
Нема алтернатива на мировните преговори. Единствениот можен „план Б“ е обновување на една голема војна и тоа уште полоша од досегашната, предупреди Де Мистура.
Ново на Сител
-
ДЗР: Само 13% од државните институции ги користат услугите на Централниот регистар на население
-
Тема на денот со проф.Борче Давитковски
-
Жителите на с. Љубојно со денови протестираат против сечата на дабова шума
-
Трамп подготвува средба помеѓу Зеленски и Путин
-
Државата го доби Казандол на арбитража и заштеди 115 милиони евра
-
Притвореници не се спроведуваат на судења поради недостиг на затворски полицајци
-
Лице кое било под лупа на ДКСК кривично ја гони екс претседателката
-
Меџити и Ѓорѓиевски не очекуваат хаос со изборните листи – Зелен Хуман град собира потписи за нова партија