Давутоглу: Турција нема да испраќа копнени сили во Сирија

Турција нема планови за испраќање копнени сили за операции во Сирија, но има договор со САД за воздушна поддршка за умерената сириска опозиција кои се борат против Исламска држава, изјави премиерот Ахмет Давутоглу.
- Важен момент е доставувањето поддршка од воздух за Слободната сириска армија и за другите умерени сили на сириската опозиција кои се борат против ИД. Ако ние не испраќаме копнени сили во Сирија, тогаш тие сили кои дејствуваат како копнени сили заедно со нас имаат потреба од заштита, нагласи Давутоглу на брифинг со медиуми.
Давутоглу додаде дека сириската курдска партија Демократски сојуз може да има место во нова Сирија ако не и попречува на Турција и соработува со опозициски сили. Таа партија е поврзана со ПКК.
Турски воени авиони вчера повторно бомбардираа кампови на ПКК во планини во северен Ирак.
Ново на Сител
-

Се намалува бројот на вработени во индустријата, најголем пад има во текстилниот сектор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мисајловски: Владината коалиција покажа дека е стабилна
-

Локални избори 2025
-

Мицкоски во посета на Брвеница и Кичево
-

Ацевски се повлече од функцијата претседател на општинската организација на СДСМ
-

Локални избори 2025
-

Преглед на вестите од светот
