-->
-->
Давутоглу: Турција ќе продолжи со борбата против центрите на тероризмот
-->
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу го осуди денешниот самоубиствен бомбашки напад во Истанбул, во кој загинаа пет лица, а 36 беа ранети, оценувајќи го како „нехуман“ и нагласувајќи дека Турција ќе ја продлжи борбата против „центрите на тероризмот“.
- Ниту еден центар на тероризмот нема да ги постигне своите цели со вакви монструозни напади. Нашата борба ќе продолжи со истата решиотелност како и досега, се до целосното ликвидирање на тероризмот, порача Давутоглу.
Досега никој не презеде одговорност за нападот, но според безбедносни извори, начинот на кој тој е изведен укажува дека зад него стои или џихадистичката група Исламска држава (ИД) или Курдската работничка партија (ПКК).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Таравари: Ние не сме чамец за спасување
-
Прв етимолошки речник во македонскиот јазик
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, Транспаренси Интернешнл Македонија
-
Партнерот на Рамајана ја убил пред 5-годишната ќерка
-
Пред утрешната средба, Мицкоски бара Таравари јасно да каже дали соработува со Ахмети
-
Мицкоски и Филипче го повикаа Ахмети да се повлече од идеите за дестабилизација
-
Мицкоски: Имаше обид за инженеринг за вистината за Делчев