Давидовски и Џиролами од ПСС Рејсинг викендот стартуваат во ТЦР Европа
Претстојниот викенд со трката во Словачка стартува Европското првенство во автомобилизам за возила со ТЦР хомологација, а четврта сезона по ред на него ќе учествува Виктор Давидовски од тимот на „ПСС Рејсинг“. Од оваа сезона нему ќе му се приклучи и Франко Џиролами, со што екипата прв пат ќе има двајца возачи.
– Во оваа сезона влегуваме со голема мотивација бидејќи лани ни беше дозволен настап само на две трки, па се надеваме дека оваа сезона глобалната здравствена ситуација ќе овозможи спортот да се врати во нормала. Одработивме повеќе тестови, а последниот од нив беше токму на патеката крај Братислава. Имаме претстава за патеката, иако тогаш возевме по мошне ладно време, но сепак главен фактор очекуваме да биде промената на пневматиците. Минатите сезони возевме со Јокохама, од оваа сезона сите автомобили ќе ги користат гумите на Ханкук, кои се забележливо потврди и имаат поинакви карактеристики. Целта е секогаш иста, да се претставиме во најдобро светло и да се бориме за подиум, изјави Давидовски.
Организаторите најавија дека во ТЦР Европа има 22 пријавени возачи, а бранител на трофејот е Мехди Бенани. Предвидени се седум трки, при што освен Словачка, сите други се домаќини и на трки од Формула 1 првенството (Пол Рикар, Зандворт, Спа Франкоршамп, Нирбургринг, Монца и Каталуња).
Првата трка е в сабота во 15.15 часот, додека втората е во недела во 13.55 часот.
Ново на Сител
-
Претседателката Сиљановска Давкова го прими косовскиот амбасадор, Флоријан Ќехаја
-
Од домашно производство е 91.5 % од потрошената струја во април
-
Муцунски: Во сложениот геополитички контекст во Европа мораме да бидеме одговорна членка на НАТО
-
До петок нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер над 60 километри на час
-
Мицкоски: Најголемиот парк на ветерници во регионот ќе отвори 630 работни места
-
Пронајдени 10 артилериски гранати во старата касарна во Битола
-
Разрешена Бесија Иљази, економската директорка на Клиниката за Токсикологија
-
Се урна рингишпил во Добој, четири деца повредени