Давал пари на заем и наплатувал несразмерна камата, уапсен лихвар во Битола
Полициски службеници од СВР Битола вчера во 17:10 часот во Битола го лишиле од слобода К.С.(50) од Битола поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик.
Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, кај него биле пронајдени и одземени повеќе банкноти во различни апоени.
- Имено, на 05 февруари 2025 година во СВР Битола, С.К.(45) од Битола пријавил дека во периодот од мај 2024 до февруари 2025 година, К.С. ја искористил неговата тешка имотна состојба и во повеќе наврати му дал пари на заем, а за услугата му наплатувал несразмерна камата. Исто така, на 07.02.2025 во СВР Битола, В.Р.(58) од Битола пријавила дека од октомври 2024 до февруари 2025 година, К.С. ја искористил нејзината тешка имотна состојба и во повеќе наврати ѝ дал пари на заем, а за услугата ѝ наплатувал несразмерна камата, посочуваат од Министерството.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на настанот, против лицето ќе следува соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Трајковски, Асоцијација на специјализанти и млади лекари
-
Грета Тунберг на протест за Дошница
-
Преглед на вестите од светот
-
Цела недела топлотен бран – од утре мало разладување
-
Спречен обид за подметнување пожар на Водно, гори на шест локации во Македонија
-
62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-
Иницијативата за протоколот со Бугарија пред уставните судии по летните одмори
-
Османи: Автономијата во одлучувањето е духот на Охридскиот договор