Даунинг стрит 10: Фараж нема да биде посредник меѓу Лондон и Трамп

Кабинетот на британскиот премиер Тереза Меј категорично ги отфрли како неточни тврдењата дека привремениот лидер на антиевропската Партија за независност на Обединето кралство (УКИП) Најџел Фараж ќе биде посредник меѓу владата во Лондон и администрацијата на Доналд Трамп.
- На Владата не и потребно да го користи Најџел Фараж за врски со Доналд Трамп и неговата администрација, изјави претставник на Даунинг стрит 10.
Демантот доаѓа откако неколку лондонски медиуми објавија дека Фараж ќе ја „советува Владата за воспоставување дијалог“ со новоизбраниот претседател на САД, затоа што „министрите конзервативци, немаат врски со американските републиканци“.
Фараж, кој сега времено е одново на чело на УКИП до изборот на нов лидер на партијата, агитираше во Велика Британија за Трамп, а во текот на летото беше во САД каде на еден митинг ги повика Американците да гласаат за републиканскиот кандидат.
Во авторски текст во лондонски „Ивнинг Стандард„ Фараж на еден ден пред изборите во САД тврдеше дека Трамп е подобар кандидат од демократот Хилари Клинтон.
„Тој (Трамп) не е совршен и има што да му се забележи, но сепак треба да се поддржи затоа што тој носи промени, напиша Фараж.
Лондонските медими, повикивајќи се на извори во Даунинг стрит 10, пишуваат дека министрите биле „длабоко повредени“ од тврдењето за посредувањето на Фараж, што се објаснува со намерата на премиерот да не му се даде на УКИП можност да ја користи за свои потреби победата на Трамп.
Проториевскиот „Дејли Телеграф„ открива дека актуелната премиерка Тереза Меј ќе настојува со Трамп да изгради односи, какви што во осумдесетите години на 20 век имаше Маргарет Тачер со тогашниот претседател на САД, Роналд Реган.
Даунинг стрит 10 објави дека во текот на нивниот вчерашен телефонски разговор, Трамп веќе ја поканил Меј да го посети Вашингтон,.
Најџел Фараж денеска и самиот ја отфрли можноста да се појави во улогата на посредник на Владата.
- Не сакам да соработувам со ниту еден ториевски министер за било што, изјави привремениот лидер на УКИП.
Ново на Сител
-

Предложен притвор за дилер на хероин
-

Реал на врвот на ранг-листата на клубови со највисоки приходи трета година по ред
-

Филипче вели дека не поднесува оставка, целта му е општеството да заздрави
-

Нова железничка несреќа во Шпанија: воз се судри со кран, лесно повредени неколку лица
-

Жител на Идризово обвинет дека со закани барал пари од поранешен партнер на неговата ќерка
-

МЗ: Новиот предлог-закон за заштита од пушење предвидува забрана за рекламирање, промоции - приоритет е заштитата на децата
-

Официјално: Четири македонски спортисти на ЗОИ 2026
-

Кушнер во Давос ги претстави плановите за реконструкција на Газа
