Даштевски: Мали технички пропусти во Тетово
Претседателот на Државнат изборна комисија Александар Даштевски, неговата заменичка Дитмире Шеху дојдоа во Тетово на увид на гласањето за вонредните избори за членови на Советот на општината. Тие посетија повеќе избирачки места, а Даштевски истакна дека гласањето се одвива во мирна и демократска атмосфера.
-Имаше мали технички пропусти на кои им укажавме на избирачките одбори. Некои се исправија веднаш. Се функционира во ред. На некои места имаше објавени списоци само на албански, немаше на македонски. Тоа е технички пропуст и им укажавме дека доколку има, да ги закачат да не биде пропуст да биде двојазично. Тоа се мали детали што ги утврдивме, изјави Даштевски.
Тој информираше дека до 11 часот и 30 минути во Општина Тетово гласале 6,71 проценти или 5642 гласачи. До истиот термин во Маврово и Ростуше гласале 14.11 отсто или 1404 гласачи, а во Центар Жупа 14, 47 проценти или 1305 гласачи излезени.
-До сега на сите три места има 20 приговори за избирачко право од кои 50 посто се решени веднаш, а другите се во постапка. Според изборниот законик. Сметам дека гласањето ќе прдолжи во ваква мирна атмосфера ќе продолжи на демократски начин, сите работи функционират добро, на правилен начин. Сметам дека така ќе биде до крајот на денот. Овие резултати ни кажуваат на тоа дека овој пат ќе имаме избор во овие општини но да почекаме да заврши процесот и да ги објавиме конечните неофицијални резултати, истакна Александар Даштевски.
На новинарско прашање зошто необјавувањето на списоците со улиците на македноски јазик се смета за технички пропуст, а не човечки фактор и неодговорност, Даштевски рече дека тука нема одговорност.
-Ги имаме, сме ги испечатиле и сме ги донеле. При примопредавање на материјалите, дали се примопредадени или не, не знам, или пак се примопредадени, а се ставени во кутија,заборавиле да ги истакнат. Нема одговорност, треба да ги закачат, им реков сега да ги закачат. Бидејќи нели тоа е пропишано да биде двојазично, изјави Даштевски
Од техничките проблеми кои веднаш биле надминувани Даштевски спомена дека морало да се менуваат батерии или смарт картички на биометриските апарати.
Ново на Сител
-
Нехумани услови во домот Пелагонија
-
Тема на денот со Ива Ненадиќ, координатор на центарот за медиуми при Европскиот универзитетски институт
-
Обвинители вршат надзор над работата на обвинителството за организиран криминал и корупција
-
69-годишна жена загина, а 9-годишно дете се бори за живот на Клинички по пад од шести кат
-
Родители најавија бојкот на настава во „Лазо Ангеловски“, МОН смета дека со случајот се претерало
-
Комплексни лозинки за да нема упад во е-дневник во училиштата!
-
И власта и опозицијата не прифаќаат пензионирање на 67 години
-
Новогодишните куќарки пристигнаа на плоштадот, Арсовска пак крие кој и за колку пари ќе украсува