Даштевски: До 13 часот најмногу излезност во Новаци, најмалку во Студеничани
Гласањето тече добро во најголем дел од гласачките места. До 12 и 30 часот до ОИК има пристигнато 48 приговори за заштита на избирачко право од кои 26 се прифатени, а четири се одбиени поради неисполнување на условите и 18 се уште во обработка, изјави на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски.
Тој информираше дека излезноста на гласачите до 13:00 на Локалните избори е 20,76 отсто.Податоците на ДИК се од 2519 гласачки места односно 72,39 отсто. На овие избирачки места гласање излегле 237 476 гласачи.
Оцени дека за овој период излезноста е добра.
Најголема излезност има во Новаци 43,07 отсто, Кратово 37,48 отсто, Крушево 37,35 отсто, Демир Хисар 35, 61 отсто, Крива Паланка 35,13 отсто, Ранковце 34,03 отсто, Вевчани 34,23 отсто, Кривогаштани 32,09 отсто, Лозово 32,02 отсто, Македонски Брод 31, 07 отсто, Прилеп 31, 69 отсто, Чашка 30,76 отсто, Карбинци 30,69 отсто, Дојран 30,55 отсто, Градско 30,15 отсто, Свети Николе 29,38 отсто, Делчево 29,05 отсто, Пробиштип 29,01 отсто, Пехчево 28,93 отсто, Могила 28,78 отсто, Демир Капија 28,54 отсто, Неготино 28,52 отсто, Дебарца 28,45 отсто, Гевгелија 28,14 отсто, Кавадарци 26,97 отсто, Македонска Каменица 26,42 отсто, Росоман 26,04 отсто и Долнени 26,19 отсто. Најмала излезност до 13 часот има во Боговиње и Липково – 11,65 отсто, Студеничани 11,39 отсто и Куманово 12, 41 отсто.
Пратен е имејл до општински изборни комисии да ја известат ДИК за сите проблеми во најбрз можен рок.
Претседателот на ДИК рече дека бил направен увид во неколку избирачки места каде што имало редици за гласање и појасни дека гужви се создавале затоа што во гласачкото место се пуштал по еден гласач. ДИК упатила упатство до ОИК на избирачките места да се пуштаат онолку гласачи, колку што има паравани за гласање. Дистанцата е на два метра. Таму каде што ќе има гласачи кои ќе бидат затечени на избирачкото место, ќе им се овозможи да гласаат.
Даштевски уште еднаш ги повика граѓаните масовно да излезат и да гласаат на Локалните избори.
Ново на Сител
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
-

Рама одбива да поднесе оставка, тврди дека зад протестите стојат надворешни сили
