Македонија
30. April 2024 - 19:09

Дарко Каевски тврди дека не е виновен

„Ги отфрлам сите обвинувања на ОЈО кои ги сметам за неосновани и тенденциозни. Најодговорно тврдам дека го немам прекршено законот во ниту еден случај и тоа ќе се докаже.

Очекувам и во исто време сум убеден дека во една јавна, транспарентна, фер постапка ќе се докаже вистината и целосна моја невиност“. Вака напиша на социјалната мрежа портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски откако ЈО денеска покрена обвинителен акт против 12 лица, меѓу кои и Каевски.

За злоупотреба на службената положба обвинети се Мојсоски и Каевски, а другите се обвинети за несовесно работење.

„Ништо од ова нема основа и затоа што фактите покажуваат дека:

1. Ниту сум можел ниту сум влијаел, ниту сум поттикнувал било кој од Централната Комисија. Особено што е именувана од друг орган надлежен по Закон, на владина седница. Дополнително сите членови во своите изјави кажале дека не сум присуствувал на работа на комисијата ниту сум давал сугестии. Се е јасно.

2. Во делот на надзорот според тогашниот закон за спорт член 14е, извештајот се доставува до следната календарска година од добиените ваучери најдоцна до 15ти јуни или во конкретниот случај тоа е до 15.06.2021 година, период во кој што јас не сум директор на АМС.

Не навлегувам во мотивите на ОЈО да бидам опфатен со ваква постапка, постои сомнеж дека ова е можеби и злоупотреба за избораната кампања, но едно е сигурно вистината ќе се потврди. Дополнително на ова вештачењето е од 25.04.2024 година ден после првиот круг од претседателските избори, а предлогот е доставен за 3 работни дена потоа“, стои во објавата на Каевски.