-->
-->
Дарио Ивановски со личен рекорд победник на полумаратонот во Белград
-->

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски е победник на денешната полумаратонска трка што се одржа во склоп на 30.то издание на Белградскиот маратон.
Тој патеката од 21,1 километар ја истрча за 1:10.00 час, што претставува негов личен рекорд и подобро време од лани истрчаното на Скопски маратон - 1:11.14 час.
Ивановски имаше за 40 секунди подобар резултат од второпласираниот Бојовиќ од Србија. Од македонските натпреварувачи на 5.место се пласира Милош Ранчиќ, а Игор Јакимовски беше 11.ти на полумаратонската трка и прв во својата возрасна категорија.
На полумаратонската трка кај жените победи Слаѓана Перуновиќ од Србија – 1:21.40 час, а второто место и припадна на Наталија Грац од Полска, додека трета на целта стигна Александра Маринков (Србија).
На мартонската трка најбрз беше Стивен Кипнгетич Катам од Кенија со време 2:21.11 часа, додека кај жените најдобар резултат имаше Оливера Јевтиќ од Србија со време 2:38.00 часа.
На овој маратон учествуваат и голем број натпреварувачи од Македонија кои се подготвуваат за Скопски маратон што ќе се одржи на 7.мај.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
-

Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
-

Лидерот на СДСМ обвини дека ПЕТ Центарот повторно не работи
-

СДСМ постави услов за Левица
