Дара Kосровшахи - нов генерален директор на Убер

Раководителот на една од најголемите туристички компании во САД и во светот, Експидиа, Иранецот Дара Косровшахи (48) е нов претседател и генерален директор на Убер.
Косровшахи е избран едногласно од Административниот совет на мултинационалната компанија за транспорт, а доаѓа на местото на Тревис Каланик. Тој ќе има задача да го подобри имиџот на компанијата, да ги поправи односите меѓу инвеститорите и да создаде поволна бизнис клима по седум години константни загуби.
Назначувањето на новиот директор доаѓа во период кога „Вол Стрит Џурнал" јавува дека од американското Министерство за правда започнале истрага околу тоа дали од Убер се обидувале да поткупат свои соработници, во корист на своите интереси.
Компанијата, од своја страна, потврди дека соработува во истрагата, но засега не изнесуваат повеќе подробности.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Татјана Стојановска Иванова, универзитетски професор
-

„Ниту една повеќе“ – Протест во Скопје по убиството на 17-годишната Билјана Кириќ
-

11 пријави за семејно насилство за 24 часа – Над 1.400 жртви за девет месеци
-

Филков: Брисел го препозна напредокот во правосудството
-

Партиски обвинувања за работењето на Алта банка
-

Петте случаи на морбили се аларм за колективниот имунитет
-

УГД ги отвора вратите за европските студенти преку Еразмус
-

Струмички „Комуналец“ се модернизира, за три месеци обезбедена механизација вредна 20 милиони денари
