Дара Бубамара си го покажа вистинското лице - таа остро распали по Даниел Кајмаковски
По крајот на оваа сезона на емисијата „Твоето лице звучи познато“ во која победи Даниел Кајмакоски, Дара Бубамара го изрази своето незадоволство затоа што смета дека токму таа треба да влезе во финалето и да победи.
Имено, пејачката е сигурна дека токму таа е онаа која ја кренала гледаноста на шоу програмата и дека ако ништо помалку требало да застане рамо до рамо со финалистите.
-Јас бев најголемата ѕвезда на шоуто ТЛЗП. Им ја кренав гледаноста, сите најчесто мене ме коментираа. Владо Георгиев и Иван Ивановиќ беа сурови кон мене, постојано мис е потсмеваа, но тоа е нивна срамота. Тие двајца не можат да ме извадат од такт, но не сакам кога некој сака да ме понижи. Жирито цело време беше против мене“, изјавила Дара за медиумите, а потоа додала: Повеќе сакаа поп пејачи. Нив ги форсираа и таквиот и победи. Но јас им покажав дека сум добра и во тој жанр. Никој како мене не може да ја имитира Марија Шерифовиќ.
Меѓутоа и покрај се пејачката тврд дека не се кае што прифатила да учествува во емисијата.
-Што се случи, се случи. Важна е целата која е хуман. Не беше лесно, давав се од себе. За вакво шоу треба храброст. Има многу мои колеги кои се занесуваат дека се ѕвезди, а немаа храброст да учествуваат во оваа емисија. Јас сум ѕвезда и без ТЛЗП, изјавила Дара.
Ново на Сител
-
Полициска акција во Арачиново - Приведено едно лице за изнуда од 165 000 евра
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
Невреме со град во Скопје и низ државата
-
Политичките партии со осуда за ксенофобијата на трибини во Куманово, но и со меѓусебни обвинувања
-
Меџити и Лимани остануваат министри и во кампањата - Гаши неделава ќе распише избори
-
Независните почнаа со собирање потписи
-
Утре ќе биде распишан огласот за нов претседател на Антикорупциска
-
Владата повторно ќе воведе „Училишната кошничка“ за да не поскапи цел прибор пред први септември