Дара Бубамара има ново момче: Заведе хрватски бизнисмен, но вешто го крие од јавноста
Пејачката Дара Бубамара по неколку месеци од раскинувањето со словенечкиот кошаркар Душко Буниќ се фрли во прегратка на хрватски бизнисмен.
-Дара ниту на најблиските пријателки не сакаше да им каже за кого станува збор. Само истакна дека е многу познат и пред да се појават во јавност мора да биде сигурна во кој правец оди нивната врска. Им рекла дека го запознала кога пеела во Загреб на прослава и дека тој цела ноќ и давал по 500 евра за секоја песна што ќе му ја испеела. Потоа во хотелот каде таа била сместена испратил корпа со цвеќе со повик да му се придружи за ручек, вели избор близок до пејачката.
Дара никогаш не била толку таинствена по повод ова прашање, па не кажала за кој се работи.
-Дара го прифатила повикот зошто мислела дека таму ќе бидат пријателите на кои има пеела претходниот ден, но тој ја пречекал и ја однел на блискиот салаш каде лично ја служел. Дара веднап паднала на тоа, како и на неговите манири, но и на тоа дека е успешен. Се што знам е дека е помлад од неа неколку години, и дека има компании ширум Хрватска, како и во Холандија. Рече дека се ќе каже кога ќе дојде вистинското време. Никогаш не била толку таинствена, таа главно кажува и повеќе отколку треба. Затоа не интересира за кој се работи, вели пријателка на Дара која сакаше да остане анонимна.
-Неодамна ни рече дека саканиот ја пречекал по настапот во Берлин и тоа ја изненадило. Ја враил во Белград со приватниот авион и тогаш и ги покажал картите за нив двајца за една егзотична дестинација. Кога се утврдилот дека Дара во тој период има два настапи, тој без проблем терминот го поместил за 10 дена подоцна. Дара е воодушевена од тоа како тој се однесува со неа, но и ја забавува и тоа што сите сакаме да откриеме за кого станува збор. Дури и го украдоа и телефонот додека пиевме кафе, но бројот на тој господин е зачуван под „убавец“, така што освен што си разменуваат нежни пораки, не дознавме ништо повеќе, вели изворот.
Дара не се јавува на телефон и не сака да ја коментира својата нова врска.
-Нема ништо да ви зборувам, премногу зборував за мојот приватен живот, па сега е време малку да го зачувам. Кога ќе дојде време, сама ќе ви кажам, вели Дара.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Ова е триумф на народот, Македонија не избра партија туку вредност и насока
-
Филипче: СДСМ победи во три општини во првиот круг, граѓаните помасовно да излезат во вториот круг
-
Во Струга во втор круг одат независниот кандидат Ќира и кандидатот на НАИ Далипи, во Вевчани победи Спасе Кочовски од ВМРО-ДПМНЕ
-
Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на Чаир
-
Ѓорѓиевски води во Скопје, Герасимовски во Центар, а Меџити во Чаир
-
ВРЕДИ прогласи победа во Чаир, Сарај, Боговиње, Теарце, Желино и Арачиново
-
Коњановски: Апсолутна победа на ВМРО - ДПМНЕ во Битола
-
Тодорче Николовски прогласи победа во прв круг во Кратово