Свет
5. August 2016 - 15:28

Дански авиони првпат учествуваа во напади врз позиции на ИД

Данска денеска објави дека авиони на нејзиното Воено воздухопловство првпат учествувале во напади врз цели на џихадистичката група Исламска држава (ИД) на територијата на Сирија. 

Во соопштението на данската Армија се посочува дека четири нејзини авиони од типот Ф-16 нападнале команден центар, складиште со оружје и џихадистички борци во упориштетото на ИД, сирискиот град Рака. 

Данска е дел од антиџихадистичката коалиција, предводна од САД, уште од нејзиното формирање во јуни 2014 година, но ова е првпат нејзини авиони да учествуваа во директна борбена мисија.