-->
-->
Данска следен предизвик за македонските одбојкари
-->

Македонските одбојкари дел од планот успешно го реализираа со двата убедливи триумфи од 3-0 над селекцијата на Израел со што се освоени максимални 6 бодови, во рамките од А групата на Европската лига.
Сега за избраниците на селекторот Жарко Ристоски престои дво-мечот со Данска и тоа одново во арената Борис Трајковски претстојниот викенд. Данците во Скопје доаѓаат како петто рангирани со 3 освоени бодови.
Тие изминатиот викенд немаа натпревари откако во претходните два, од Полска ги загубија меча пред својата публика со максимални 3-0, а на гостувањето во Израел во првата средба славеа со 3-0, додека во втората беа поразени со ист резултат.
На Ристоски и неговите избраници им е јасно дека доколку сакаат да го повторат минатогодишниот успех, односно годинава да се најдат на завршниот „Фајнал-фор’’ турнир, покрај максималните победи над Данска, ќе мора и во празничниот августовски викенд, да имаат 100% успех во дуелот со Австрија.
Претстојни натпревари на Македонија во А групата на Европската лига:
4.коло
Македонија – Данска (25 јули - сабота) од 20.15 часот и (26 јули – недела) 17.30 часот
5.коло
Македонија – Австрија (1 август - сабота) од 14 часот и (2 август– недела) 19 часот
6.коло
Полска – Македонија (7 август - сабота) од 17 часот и (8 август– недела) 17 часот во Калиш
Табела:
1. Естонија 12 бодови (4 натпревари),
2. Полска 10 (6),
3. Австрија 8 (4),
4. Македонија 6 (4),
5. Данска 3 (4) и
6. Израел 3 (6)
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Екстрадиран Саит Саитов кој во јануари избега во Србија откако прегази жена во Капиштец
-

Лавров: САД сакаат да го купат европскиот дел од Северниот тек
-

Туск: Можеби е подобро што Зеленски поради војната со ордените не доаѓа утре во Гдањск
-

ЦУК: Еден пожар активен, еден ставен под контрола, седум изгаснати
-

Мерц: Поддржете ја мојата пензиска реформа или ќе пропуштите шанса што се случува еднаш во генерација
-

УЈП: Наближува рокот за поднесување на првите даночни пријави врз основа на Законот за минимален глобален данок на добивка
-

Собранието не ја прифати интерпелацијата за министерот Тошковски
-

Инцидент во Црниче: По недоразбирање во сообраќај, возило удрило моторциклист па избегало од местото
