Данска на СП во Катар ќе игра во темно црни и темно црвени дресови во чест на загинатите работници
Данска на овогодишното светско првенство во фудбал во Катар во чест на загинатите работници ќе носи темно црни и темно црвени дресови.
Катар за да ги направи стадионите за Светското првенство ја користеше силата на мигрантите, но често се пишуваше за нечовечките услови во кои работеа тие, а епилогот е илијадници загинати за време на градежните работи.
„Со новите дресови на данскиот национален тим, ние сакавме да испратиме двојна порака. Тие не се дизајнирани само како инспирација од ЕУРО 92 за да искажат почит кон најголемиот фудбалски успех на Данска, туку и се протест против Катар и нивниот однос кон човековите права. Затоа сите детали од новиот дрес на Данска се тонирани во иста боја вклучувајќи го и нашето лого и легендарните шари. Ние не сакаме да бидеме видливи за време на турнирот кој чинеше илијадници човечки животи. Ние го поддржуваме данскиот национален тим во целост, но не и Катар како домаќин на турнирот.
Ние веруваме дека спортот треба да ги спојува луѓето заедно. И кога тоа не се случува, ние сакаме да го покажеме тоа“, стои во соопштението на Хумел.
Ново на Сител
-
Трамп бара од Врховниот суд на САД да дозволи распоредување на Националната гарда во Чикаго
-
Осми локални избори, ќе се избираат градоначалници и советници во 80 општини и Скопје
-
Португалскиот парламент усвои закон за забрана на никаб
-
Верстапен најбрз во квалификациите за спринтот на ГН на САД
-
Кина е подготвена за нови трговски разговори со САД „што е можно поскоро“
-
Куманово со најмногу гласачи 94 041, Лозово со најмалку 1905, ќе се гласа на 3474 избирачки места
-
Зеленски: Им веруваме на САД, веруваме дека Трамп сака да ја заврши војната
-
Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд