Даночната реформа нов тест за Трамп
Гласот на Америка - Вашингтон
Бидејќи не успеа да го поништи „Обамакер“, законот за здравствена заштита на претходниот претседател Барак Обама, претседателот Доналд Трамп сега се посвети со друго големо ветување, кое го даде во текот на изборната кампања. Трамп се посвети на реформата на федералниот даночен систем, за кој многу Американци веруваат дека е премногу комплициран и дека претставува проблем за економијата.
Иако речиси сите го поддржуваат поедноставувањето на даночниот систем, усвојувањето на даночната реформа во Конгресот нема да биде воопшто лесно.
Илјадници странци долгиот федерален даночен закон е предмет на многу шеги, што го потврдуваат и комичарите Џими Фелон и Елен де Џенерес.
- Благодарам на денот за уплата на данокот, бидејќи ја комбинира забавата со исполнување на формулари за закана за одење во затвор, се пошегува Џим Фелон.
- Ми се допаѓа вашиот аплауз, би сакала да можам цел ден да го задржам, но државата ми зема 35 отсто, беше еден од скечовите на Елен Деџенерис.
Претседателот Трамп го сумираше својот даночен план на овој начин:„Се работи за големо, големо намалување”
Човекот на Трамп во Администрацијата задолжен за даночната реформа, Стивен Мнучин, главните идеи ги претстави како „намалување на данокот за средната класа“.
- Тоа е приоритет на претседателот. Поедноставување со цел просечен Американец да може да биде во состојба да ја исполни даночната пријава на поштенска картичка. Што се однесува до бизнисот, мораме да ги направиме конкурентни деловните даночни стапки, рече Мнучин.
Републиканските конгресни лидери велат дека промената на даночната политика не треба да го зголемува федералниот дефицит. Демократите предупредуваат дека историјата покажува оти републиканските даночни планови ги фаворизираат богатите и доведуваат до влошување на американските финансии.
- Ако Трамп сака да одобри големо намалување на даноците, со цел богатите да ги направи уште побогати на сметка на работничката и средната класа - одговорот е НЕ, вели демократскиот конгресмен Џозеф Кенеди.
- Нивниот даночен закон е Тројански коњ кој ќе воведе нови даночни олеснување за најпривилегираните, смета демократскиот сенатор Рон Вајден.
И додека се намалуваат даночните стапки, републиканците имаат за цел и да намалат цела низа даночни олеснувања од кои корист имаат сите, почнувајќи од тие кои имаат хипотеки до тие кои даваат хуманитарни донации. И иако тие промени даночниот закон ќе го направат помалку комплициран, тие ќе предизвикаат силно противење на моќните интересни групи.
Републиканците пак ветуваат големи бенефиции.
- Ќе се отворат милиони нови високоплатени работни места. Платите ќе растат ширум земјата. Мислам дека тоа е она што американскиот народ го сака и очекува и да го направиме, порача републиканскиот сенатор Тед Круз.
Меѓутоа, некои економисти предупредуваат на потенцијални замки.
- Американската фискална политика ќе биде во експанзија во текот на наредните неколку години. Резултатот може да биде инфлација и побрз раст на каматните стапки од очекуваниот, оцени Морис Обстфелд, главен економист во ММФ.
Поделбите меѓу републиканците во поглед на Обамакеар можат да бидат очигледни и во текот на реформите за даночниот закон.
- Постојат длабоки поделби во Републиканската партија. Тоа најавува проблеми... и поради тоа, ова ќе биде тежок пат за републиканците, иако го контролираат целиот Вашингтон, вели Сара Биндер од Институтот „Брукингс”.
Поминаа повеќе од 30 години од последната значајна даночна реформа во САД, која е спроведена во време кога стриктната партиска политика во Вашингтон беше далеку помалку изразена за разлика од денес.
Ново на Сител
-
Маслеников: Русија нема намера да напаѓа земји членки на НАТО
-
На Попова Шапка 64 сантиметри снег, во Маврово 57, а во Крушево 36
-
Јужнокорејско разузнавање: Околу 300 севернокорејски војници загинале во борбите против Украина
-
Вечер е Стара нова година, а утре Василица и Обрезание Господово
-
НИС: Трамп ќе бара средба со Ким за да постигне „мал договор“
-
Традиционално дефиле под маски на Вевчанскиот карневал
-
Седници на три собраниски комисии
-
Милановиќ во победничкиот говор: Ова е признание за мене и мојата работа, но и порака до власта