Македонија
13. March 2022 - 19:34

Даниловски: Со ковид-потврдите наместо вакцинација се стимулира црниот бизнис со фалсификувани потврди

Прашан дали постои оправданост за ковид сертификатите, епидемиологот Драган Даниловски за Сител вели дека не постои оправданост за ковид потврдите.

- Одамна нема. Уште кога се појави омикрон, некаде во јануари месец, оправданост за ковид потврдите нема затоа што подеднакво го пренесуваат вирусот, се заразуваат и вакцинирани и невакцинирани. Со тие ковид потврди се сакаше да се стимулира народот да се вакцинира но се постигна спротивен ефект. Се предизвика еден револт, пркос кај луѓето и се постигна спротивен ефект, односно се постигна да се стимулира да го наречам црниот бизнис со фалсификувани потврди, вели Даниловски.

Тој додаде дека повикувањето на бустер доза со СМС пораки е добра мерка.