Даниловски: Кај нас ковид-мерките се само на хартија
На новинарско прашање дали треба да се укинат поголем дел од ковид-мерките проф. д-р Драган Даниловски за Сител вели дека во нашата држава мерките се само на хартија.
- Кај нас всушност мерките цело време се само на хартија, особено во последно време. Инаку, наодот од 75% имуни граѓани важи само за примерокот кој е тестиран. Јас сум споменувал неколкукратно порано дека е стручно неприфатливо и недозволиво врз основа на така нестручно избран примерок она што ќе се добие како резултат да се применува за целата популација затоа што едноставно ситуацијата на терен покажува нешто друго. Епидемиолошката ситуација поволна таква каква што е, е можна само ако се имуни преку 90% од населението од сите возрасти. Тоа 75% важеше, можеше да даде ваква епидемиолошка слика само на времето кога имавме работа со оригиналниот сој на вирусот, кажа Даниловски.
Според Даниловски 90% од населението веќе има имунитет.
- Дефинитивно, пресметките покажуваат дека при сегашната вредност на ефективниот репродукциски број, некаде од 0,90 - 0,91 не е можно да биде вкупната пропорција на имуни граѓани од сите возрасти не е можно да биде под 90%, чиста математика, додава Даниловски.
Ново на Сител
-
Предлог-Законот на СДСМ за помош на настраданите во Кочани не доби поддршка
-
Мицкоски следната недела ќе ги пополнува местата на Алијанса
-
Кошта утре на средби со македонските власти - Експертите не очекуваат позитивни сигнали од Брисел
-
Јавно ќе се разрешува претседател на Судски совет: Министерството за правда со нов закон
-
Во понеделник ќе биде познат новиот гувернер на Народната Банка
-
Инвестиции во железничката инфраструктура
-
Преглед на вестите од светот
-
Следната недела ќе бидат познати кадровските решенија по заминување на АА од Владата