-->
-->
Даниел Ортега реизбран за претседател на Никарагва
-->
Со над 71 процент од гласовите Даниел Ортега е реизбран за претседател на Никарагва на вчера одржаните претседателски избори, покажуваат првичните резултати, јави Би-Би-Си.
Ортега, како претставник на левицата, ќе биде шеф на државата во третиот по ред и вкупно негов четврти мандат.
Лесната победа на претседателот беше и очекувана. Некогашниот партизански командант се натпреваруваше со петмина помалку познати кандидати, откако главната опозициска партија беше исклучена од изборите.
Вицепретседател во новиот мандат на Ортега ќе биде неговата сопруга Росарио Муриљо.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР
-
Сиљановска Давкова: Спортската неписменост и говорот на омраза се срам за сите
-
Беким Сали нов вицепремиер, ако Меџити победи во Чаир
-
Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска, трае 10 дена
-
Статус Кво ситуацијата со скапо купените акцелератори за зрачна терапија, по една деценија се уште не се во функција