Живот
10. July 2017 - 10:28

Даниел Крејг веројатно ќе го глуми Џејмс Бонд и по петти пат

Сагата околу почетокот на снимањето на 25-то продолжение од серијалот филмови за агентот 007, е при крај.

Имено, продуцентката Барбара Броколи го убедила Даниел Крејг да ја одигра главната улога и по петти пат, објави „Мирор“.

Во една прилика, ѕвездата од претходните четири филмови за Џејмс Бонд изјави дека „попрво би си ги пресекол вените, отколку да му се врати на тој лик“, па овој податок многумина го прифатија како изненадувачки и со неверување. 

Гласините исто така говорат дека продуентката е решена Адел повторно да ја отпее воведната музичка тема. Таа беше ангажирана и за во 23-от филм од серијалот наречен „Операција Скајфол“.

Подготовките за снимањето на новиот филм се на самиот свој почеток, па датумот на премиерата се уште не може ниту да се навести.