Даниел искина: Воодушеви со имитацијата на Мајкл Џексон
Даниел Кајмакоски вечерва имаше задача да го имитира Мајкл Џексон и ја отпеа песната "Dirty Diana". Пејачот во текот на пробата рече дека Мајкл е неговиот идол и дека нема да биде лесно да отпее негова песна.
Со специјален трик тој исчезна од сцената со пламен а потоа се појави кај жирито.
-Беше одличен, искина, му рече Иван Ивановиќ.
-Одлично беше се, ти добро се снајде се е супер, се надоврза Владо Георгиев.
-Беше фасцинантен, навистина феноменално испеа. Секоја чест мајсторе, рече Аца Лукас кој е специјален гостин вечерва.
И Ана Кокиќ беше воодушевена: „Симнувам капа“, рече таа и додаде: Ти го оживеа Мајкл Џексон. Вечерва како Мајкл Џексон ја запали сцената.
Даниел е еден од фаворитите за полуфиналето на ТЛЗП, кое вечерва првпат се одржува. Исто така целата емисија може да ја следите во живо на ТВ Сител.
За своите фаворите гледачите ќе може да гласаат со СМС пораки.
Ново на Сител
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Скопје - Тетово, ан ГП „Табановце“ се чека половина час
-
ДЗС: Активни четири пожари, под контрола три, 18 изгаснати
-
Трамп: Три нуклеарни локалитети во Иран се уништени, ќе уништиме и нови ако ги изградат
-
Министерот Алиу најави реформа на Мој Термин
-
Шест лица и едно дете пренесени на Клиниката за токсикологија по пожар во стан во Скопје
-
АНБ: Одземени огнено оружје и мобилни уреди при претреси на две локации во Скопје
-
Приведен 36-годишник од Дебар, упатувал закани со нож
-
Полициски службеник физички нападнат од едно лице на Средно Водно