Данева: Утврдено е дека тројца претседатели на македонски судови не можат да го докажат потеклото на имот
Неопходна е проверка на имотот на судиите и обвинителите, вели за #Детектор професорката на Правниот факултет во Скопје, Ана Павловска Данева. Според неа, тоа е и здраво за самите судии кои не се огрешиле пред законот. Во проверките кои ги направи Антикорупциска покажале дека тројца претседатели на Судови низ Македонија немаат покритие за својот имот.
„Можеби не би го исклучила ветингот особено оној како за обвинителите така и за судиите од аспект на проверка на потеклото на имот. Тоа е нужно, тоа е неопходно, тоа е здраво за самите судии, особено оние кои не се огрешиле пред законот. Ние слушнавме дека Антикорупциска го имаше тоа ставено во својата програма дека ќе ја проверат имотната состојба на 500 судии, успеаја само на претседатели на судови само. Она колку што се сеќавам, и тоа во јавноста не беше многу експонирано, мислам дека најдоа кај тројца претседатели на судовите надминување на имотот во споредба со тоа какви примања имаат. И што направи ДКСК освен една прес конференција?“ – праша Данева во Детектор.
Ново на Сител
-

Тесна битка за градоначалник на Брвеница
-

Славески: НБМ го презеде управувањето со Алта банка АД Битола
-

СДСМ: Мицкоски и Славески ја донесоа банката на Вучиќ во Македонија, бараме одговорност
-

Тема на денот со Дафина Стојаноска, ВМРО-ДПМНЕ
-

Петрушевски: Судиите на Филипче и Ахмети повторно во нивна одбрана, судат по насоки на нивните наредбодавци
-

Денес се избира градоначалник на Брвеница
-

ДИК: До 15ч излезноста во општина Брвеница е 40,49%
-

Втор круг претседателски избори во Бугарија
