Дамаск: Нема преговори за судбината на Асад

Судбината на сирискиот претседател Башар ел Асад не може да биде предмет на какви и да било преговори, бидејќи за тоа прашање може да решава само сирискиот народ по демократски пат, изјави министерот за информации на Сирија, Омран Ахед ал Зуби.
Како што јави ТАСС, на средба со група руски новинари, Зуби нагласи дека власите во Дамаск подготвуваат нов устав на Сирија, со кој ќе се овозможи формирање на „проширена Влада“, во која би влегле и претставници на сириската опозиција во земјата, но и на опозициските групи што сега се наоѓаат во егзил во странство.
- Ако сирискиот народ на референдум го одобри ваквиот устав, тој ќе стапи во сила и потоа ќе може да се одржат парламентарни избори согласно новите уставни одредби, рече Зуби.
Осврнувајќи се на актулената состојба во Сирија, Зуби нагласи дека властите во Дамаск не ја исклучуваат можноста дека борците на џихадистичката група Исламска држава поседуваат противвоздушни ракетни системи, кои ги добиле од Турција или Саудиска Арабија.
Зуби истакна и дека сирискиот народ ги сака Русија и нејзиниот претеседател Владимир Путин.
- Уште од почетокот на кризата во Сирија ние почнавме рускиот претседател да го нарекуваме Абу Али Путин, име со кое вообичаено се нарекуваат силните и мажествени луѓе, рече Зуби.
Ново на Сител
-

Претрес во гостиварско, пронајдена ловечка пушка и муниција без соодветна дозвола
-

Дел од општина Карпош без вода
-

Скопскиот и белградскиот аеродром со најголем раст на патници во зимската сезона
-

Во недела нема да се гласа во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово
-

Рис качен на дрво снимен во шума во кичевско | ВИДЕО
-

Зголемен број заболени од грип во споредба со минатата сезона, пад во однос на претходната недела
-

Здружение на пензионери во Центар: Се надеваме дека одличната соработка со Герасимовски ќе продолжи
-

Утрово минусни температури во Берово и Струмица
