Живот
19. December 2017 - 14:58

Дали во храната е тајната за нејзината долговечност? Кралицата има 91 година, а еве што јаде за појадок, ручек и вечера

Кралицата на Велика Британија наполнила 91 година, а ова би можело да биде нејзина тајна за долговечноста.
 
Иако наполнила 91 година, кралицата е во одлично здравје, а причината за тоа би можела да биде нејзината исхрана. Еве што јаде во текот на денот за да биде и понатаму витална и здрава.
 
Појадок: 
 
Кралицата за појадок секогаш има корнфлекс и овошје или кајгана со димен лосос, судејќи по нејзиниот поранешен готвач. 
 
Ручек: 
 
 
Поранешниот шеф Овен Хоџсон на кралицата често и правел печурки и снедвичи со туна - со малку свежа краставица и пиперки. 
 
 
Вечера
 
Кралицата често навечер јадела риба со зеленчук и салата.
 
Десерт
 
Кралицата сака чоколада, а попладневниот чај е задолжителен - многу често со чоколаден кекс или кекс. 
 
Судејќи по поранешниот кралски готвар, таа не е голем фан на храната и „ јаде за да живее“. Кога јаде сама, многу е дисциплинирана и одбегнува компир, тестенина и рижо.