-->
-->
Дали сте слушнале за „касу марцу“ - Забрането и најопасно сирење во светот, кое го има само на црниот пазар!
-->
Кога сте во потрага по посебен вид на сирење, за да го „зачините“ вашиот сендвич, какво барате?
Обично тоа е чедар, но сепак некој бара нешто повеќе егзотично. На тие луѓе, би им препорачале посебен италијански вид, познат како „касу марцу“. Во превод значи расипано, мувлосано сирење.
„Касу марцу“, всушност почнува со потполно друга врста на сирење која се нарекува „пекорино сардо“. Сепак, наместо сирењето да стои на ладно и темно место, „пекорино сардо“ се изнесува надвор и стои на сонце. Дури е дозволено и мувите да постават јајца врз него.
Додека се отвораат јајцата, мали црви се хранат со сирењето и пуштаат ензими кои го забрзуваат процесот на ферментација.
Изненадувачки, за ова сирење се вели дека е многу барано иако не е легално во Италија и Европската Унија. И покрај забраната, локалното население од Сардинија продолжило да прави „касу марцу“ и да го продава на црниот пазар.
Иако Сардинијците тврдат дека нема никакви несакани ефекти по здравјето од консумирање на ова сирење, студиите откриле дека понекогаш може да предизвика алергиски реакции кои траат со недели.
Исто така можно е некој од црвите да стигне жив во вашиот стомак, а тоа може да предизвика долгорочни проблеми.
„Касу марцу“ е познато како најопасното сирење во светот. Не само поради здравствен ризик, туку и затоа што црвите навистина моѓе да пораснат и да бидат изедени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место