Дали крцкањето на прстите е лошо или добро?
Веројатно многу пати до сега сте слушнале совет дека не треба да ги „пукате“ прстите, бидејќи со тоа нанесувате голема штета која ќе биде видлива во годините кои доаѓаат. Дали тоа е точно? Дали крцкањето на прстите е лошо или добро?
Во нашите зглобови се наоѓа синовијална течност која служи за подмачкување. Научниците верувале дека тоа што предизвикува крцкање се мали меурчиња на воздух кои постојат во течноста. Сепак, оваа година успеаја да докажат дека ни таа теорија не е точна. Оваа година за прв пат е снимена рендгентска снимка како изгледа пукање на прстите. Како всушност изгледа крцкањето на прстите можете да видите на 0:44 секунда од видео снимката, а добра вест е дека научниците утврдија дека со пукањето ништо не е скршено ниту оштетено.
И студијата од 2015 година го потврди истото. Во истражувањето учествуваа 215 лица, од 59 до 80 години возраст. Научниците ги следеле пет години и утврделе дека не постои врска меѓу крцкањето на прстите и артритисот, како што се верувало до сега.
Значи нема за што да се грижите.
Ново на Сител
-
Отповикана судската расправа за случајот „Геријатрија”
-
Спречен обид за шверц на 27,5 килограми тутун за наргиле
-
Комисија на ОН: Израел врши геноцид
-
Деца во двор на градинка во Центар пронашле наркомански шприц, ја скршиле иглата и се играле со него
-
Изгаснат пожарот кај Пинтија, интервенирале осум противпожарни возила
-
ДЗС: Изгаснат пожарот во депонијата „Дрисла“ што избувна синоќа
-
Можна смртна казна за убиецот на Чарли Кирк
-
ИДФ: Над 350 илјади Палестинци евакуирани од градот Газа