-->
-->
Дали Ева е причината за „кризата“ на Мурињо?!
-->
Поранешната лекарка на Челзи, Ева Карнеиро, ќе поднесе приватна тужба против менаџерот на тимот Жозе Мурињо, пренесоа во понеделникот англиските медиуми. Според истите извори, Карнеиро со Челзи постигнала вонсудска спогодба и наскоро таа би требало да започне да работи во некогашниот премиерлигаш Чарлтон Атлетик.
Случајот против Мурињо, на докторката може да ѝ донесе многу повеќе пари, бидејќи Португалецот е тој кој вербално ја навредувал. Карнеиро клубот го напушти во септември, еден месец по епизодата која ја имаше со Мурињо на мечот Челзи-Свонси (2:2).
Карнеиро и физиотарапефтот Џон Ферн во финишот на споменатиот натпревар влетаа на теренот поради повредата на Еден Азар, а кога се враќаа на своите места докторката беше наведувана од Мурињо, што може да се забележи и на снимките од натпреварот.
Според Мурињо, овие двајца не требало да влезат на теренот, бидејќи според правилата доколку лекарската екипа влезе на теренот, тогаш играчот кој барал помош треба да излезе надвор од игра и да чека дозвола од судијата да се врати на теренот.
Во моментот кога тоа се случуваше Челзи беше со двајца играчи помалку на теренот, бидејќи претходно беше исклучен голманот Куртоа.
Менаџерот на Челзи, по натпреварот ѝ забрани на докторката да присуствува на тренинзите на тимот и таа престана да доаѓа во клубот.
Клубот побара во септември таа да се врати на работа, но откако не се појави на работното место започнаа шпекулациите дека таа сака да си замине од Челзи. Исто така, уште тогаш медиумите најавија дека таа ќе ги тужи клубот и Моруњо, бидејќи останала без работа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Teма на денот со Наќе Чулев, поранешен министер за внатрешни и поранешен директор на АР
-
Филипче: Разбирам зошто граѓаните се загрижени, но ЕУ процесот мора да продолжи
-
Студентите бараат зголемување на износот за субвенциониран оброк
-
Екс директорот на АНБ негира незаконско следење на комуникации, Мицкоски вели - сите ќе одговараат
-
Се води истрага кој го подметнал пожарот на Вардариште, надлежните си ја префрлаат одговорноста
-
Почна селекцијата за судија во Стразбур
-
Две години затвор за Љамалари за нападот врз градоначалничката Арсовска
-
На Татјана Димитровска ќе ѝ се суди во одделна постапка од „Адитив“