Далавери на турски камионџии на Деве Баир

Рано утрово 04.40 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, поради сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа-зелена карта“, бил приведен К.А. (45) од Република Турција. Тој управувал товарно моторно возило „Renault“ и полуприколка „Trisan Maksima“ со турски национални и регистарски ознаки и на увид доставил зелени карти за осигурување од автоодговорност од осигурителна компанија за кои постои сомнение дека се фалсификувани. Лицето е предадено на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.
Вчера во 10.20 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, А.С. (32) од Република Турција, кој управувал товрано возило „Мерцедес“ со турска национална и регистарска ознака и полуприколка „Fruehauf“, на увид доставил зеленa картa за осигурување од автоодговорност од осигурителна компанија за товарното возило и полуприколката со важност од 27.11.2017 година до 27.11.2018 година. При контрола и увид во наведените меѓународни зелени карти за осигурување од автоодговорност било констатирано дека тие се со различна боја од оригиналната, односно биле фалсификувани. Лицето било приведено и е предадено на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.
Ново на Сител
-

Обвинетите пречекани со ликот на жртвите од Пулс - родителите гневни што никој не чувствува вина
-

Кривична пријава против Костадинов за проектот со електричните автобуси
-

Мицкоски најави партиско освежување по Конгресот во сабота, владина реконструкција на пролет
-

Чучуљ е на чело на Антикорупциска - вети отчетност и транспарентност
-

Град Скопје најавува засилени контроли поради загаденоста - Дневно во Клиниката „Козле” по 150 прегледи на болни деца
-

Презентирана нова интернет платформа за следење на општинските проекти финансирани од Владата
-

Дебата: Kаква ќе биде иднината на медиумите во Македонија?
-

Преглед на вестите од светот
