Далај Лама: Идеите на Вацлав Хавел ќе преживеат неколку векови

Дваесет и првиот век, според тибетскиот духовен лидер Далај Лама мора да биде столетие на сочувство и дијалог, кој треба да се води со сите, вклучувајќи ги и оние кои се борат и убиваат други луѓе.
Далај Лама, кој денеска во Прага учествуваше на Конференцијата Форум 2000 изрази уверување дека промената на перцепцијата и доживувањето на светот ќе дојде со следната генерација, која повеќе ќе става акцент на внатрешната вредност на човекот и почитувањето меѓу себе.
Форумот 2000 беше формиран од поранешниот чешки претседател Вацлав Хавел, голем пријател на Далај Лама.
Најпознатиот човек во светот, кој живее во егзил, исто така, рече дека не му пречи ако денеска западните лидери одбиваат да го прифатат поради загриженоста за трговијата со Кина.
- За мене тоа не е важно, важно е да се сретнам со луѓето, со јавноста. Владите од време на време се менуваат нивните политики исто така, но народите се уште се составени од луѓето, рече Далај Лама.
Тој оцени, дека идеите на Хавел не исчезнаа со неговото физичко заминување и дека неговите идеи од неговото чувствително и топло срце ќе останат низ вековите.
- Сега ние имаме одговорност да ги одржуваме и да ги пренесуваме неговите длабоки вредности. Убеден сум дека Чесите го сакаат својот некогашен лидер и ќе се потрудат да живее неговиот концепт, рече тибетскиот водач.
Тој рече дека сонува еден ден Да биде создадена Африканска унија, Латиноамериканска унија, Азијска или унија на сите седум милијарди луѓе во светот, на начинот како што е создадена Европската униј (ЕУ).
Ново на Сител
-

Николоски: Градскиот воз и електричните еколошки автобуси се придонес кон намалување на аерозагадувањето во Скопје
-
Николоски: Нема политички договор со Бугарија за случајот Ива Михајлова
-

Трамп: Егзекуцијата на Нидал Хасан нема да биде емитувана во живо
-

Новиот Луна парк во Скопје треба да биде готов до крајот на 2027 година
-

Истрага против 20-годишник за компјутерска измама, злоупотреба на лични податоци и детска порнографија
-

Приведени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“ во изминатото деноноќие
-

Хориха од денес дел од македонската ракометна репрезентација
-

Маск повторно го повика Зеленски да се повлече од претседателската функција
