-->
-->
Дајана знаела дека не е првиот избор на Чарлс за сопруга, пред неа се забавувал со сестра и Сара
-->
Малку остана необјавено и нераскажано за брачниот живот на принцот Чарлс и принцезата Дајана. Меѓутоа, неодамна во јавноста исплива разговор на Лејди Ди и нејзината сосетка Дејна Брук.Дејна Брок раскажала дека принцезата Дајана знаела дека не била вистинскиот избор за идна жена на принцот Чарлс. Тој, имено пред Дајана се забавувал со нејзината родена сестра, Сара Спенсер. Меѓутоа, не сакал да се ожени со неа зошто пред него имала бројни мажи.
Дајана на Дејна тогаш и рекла дека Чарлс „фрлил око“ на неа и дека неа ќе ја ожени наместо Сара. Лејди Ди во интервју рекла дека мисли дека кралското семејство направило добар избор што ја избрало неа отколку Сара која не „скокала во разни кревети“, односно бидејќи била девица.
Дајана беше несигурна срамежлива. Секој пат кога ќе ја сретнев, се криеше и како да сакаше да биде енвидлива. Од се на неа најмнгу и ги паметам очите. Плавозеленкасти очи кои изгледаа како светла од автомобил кога вас би ве погледнала, рекла Брук, пренесува британскиот Експрес.
Брок рекла дека Дијана тогаш и признала дека е во врска со идниот крал и и раскажала дека таа и Чарлс се наоѓаат во медиумски хаос без никаков повод и дека кралското семејство не направило доволно да ги заштити од новинарите.
Се пожалила дека и сметаат и трачевите дека навечер се сретнувала со принцот. Исто така пшринцезата и се доверила и и признала дека поради тоа што била девица била одбрана за принцеза.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори
-

Шестмина починале во САД по консумирање готова тестенина
-

Централно претседателство на ДУИ одлучи да има партиски конгрес до декември, не се разговорало за оставки
-

Уапсен возачот кој усмрти велопедист кај мостот Гоце Делчев
-

Приведени тројца турски државјани за криумчарење мигрант
-

Хаќим Рамадани: Од денес сум невработен, барам работа само во приватни компании
-

Пронајдена граната од Првата светска војна во с.Отешево
-

САД не планираат нуклеарни експлозии, вели министерот за енергетика
