-->
-->
Дадилката монструм откри зошто го убила девојчето - Причината ќе ве шокира!
-->

38-годишната Гулчекра Бобокулва од Узбекистан тврди дека слушала „гласови“ во главата кога го убила 4-годишното девојче, кое три години го чувала како дадилка. И самата е мајка на три деца, а на московските полицајци им ја
раскажала својата приказна додека им го покажувала станот во кој првин го задавила, а потоа обезглавила детето, пишува Daily Mail.
Четиригодишната Настја Мешерјакова е жртвата на Гучекра, која ѝ ја отсекла главата со кујнски нож. Жената на полицајците им кажала дека била прогонувана од „гласови“ кога се случило убиството, и полудела од лутина откако дознала дека нејзиниот сопруг во Узбекистан започнал нов живот со друга жена додека таа работела во Русија. Изјавила дека одбила да му биде втора жена.
Светот вчера беше шокиран од веста за жената која отсекла детска глава и со неа шетала по улиците низ Москва. Според пишувањата на некои од медиумите таа збеснала откако дознала за неверството на нејзиниот сопруг.
По апсењето Бобокулова соработувала со полицијата, им покажала како го убила детето. Пред да ја фатат таа викала дека е терорист и се заканувала дека ќе активира бомба. Засега, руските власти не потврдуваат дали била поврзана со некоја терористичка организација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Левит: САД имаат многу алатки за да помогнат во завршувањето на конфликтот во Украина
-
Трамп: Постојат 25 проценти веројатност состанокот во Енкориџ да не успее, Путин е подготвен на договор
-
ЦУК: Од вкупно 27 пожари на отворен простор, активни се шест
-
Студентите во блокада за вечерва најавија нови акции во повеќе српски градови
-
Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило
-
Петмина полицајци убиени, осуммина ранети во серија напади во Пакистан
-
Путин верува дека САД вложува „искрени напори“ за прекин на војната во Украина
-
Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година