Дачиќ: Заканата на Макрон за воведување визи не е реална
Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека не ја смета за реална промената на визната политика што ја најави францускиот претседател Емануел Макрон доколку Белград и Приштина не ги исполнат своите обврски.
„Мислам дека тоа не е реално и дека не е можно и мислам дека е повеќе закана насочена кон Косово отколку кон Србија. Србија со ниту еден нејзин потег не ги загрози мировните преговори“, изјави Дачиќ за телевизијата Прва.
Коментирајќи ја најавата на косовскиот премиер Аљбин Курти дека војската на Косово наскоро ќе биде на север, Дачиќ рече дека тоа може да се направи само со сила и со прекршување на договорот и дека оваа изјава е најава за нова ескалација на ситуација.
„Тоа е директно кршење на Бриселскиот договор, а НАТО тогаш гарантираше дека тоа нема да се случи. Се работи за тоа дали ќе продолжат да го толерираат Курти“, рече Дачиќ и додаде дека сето тоа се провокации.
Говорејќи за изјавата на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, дека ЕУ и земјите кандидати треба да бидат подготвени за проширување, Дачиќ рече дека процесот на евроинтеграција трае долго и дека не се работи само за реформи, туку и за политичките критериуми.
Ново на Сител
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето
-
По втор пат во една година вандализирани православните гробишта во Гостиражни
-
Стефаноска: Развојот на мирен туризам тренд во светот