Дачиќ: Србија во Охрид успеа да ги заштити своите национални интереси
Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека „Србија на средбата во Охрид успеала да ги заштити своите национални интереси со мудрата политика на претседателот Александар Вучиќ“ и додаде дека „Србија мора да води дијалог и да ги нормализира односите со Приштина, држејќи се до нејзините црвени линии“, јави дописникот на МИА од Белград.
Дачиќ за ТВ Пинк изјави дека во саботата на средбата во Охрид се било направено во согласност со државната политика на Србија и обезбедување на нејзиниот понатамошен европски пат.
– Постоеше опасност Србија да биде обвинета за пропаѓање на дијалогот, ќе потсетам дека Албин Курти инсистираше на меѓусебно признавање, најави дека никогаш нема да ја прифати Заедницата на српските општини, наведе милион услови за таа да се формира, рече Дачиќ.
Тој додаде дека во Охрид не е преземена никаква законска обврска што е против интересите на државата.
Дачиќ кажа дека Вучиќ никогаш не го употребил терминот „прифаќање на договорот“, туку дека е воспоставена согласност да се работи на имплементација на принципите од тој договор, притоа придржувајќи се до црвените линии, кои подразбираат дека нема признавање на независноста на Косово и неговиот прием во ОН.
– Претседателот не го потпиша договорот. Имавме можност од 2012 година да направиме нешто на штета на Србија ако сакавме. Треба да го искористиме овој момент и оваа позиција, која за нас е таква што ништо не сме направиле на наша штета, а го добивме формирањето на ЗСО, рече Дачиќ.
Тој додаде дека Вучиќ постојано им повторувал на сите посредници во преговорите кои се црвените линии на Србија и дека е голема работа што ќе се формира Заедница на српски општини.
– Заедницата на српските општини е најголемото достигнување што го постигнавме по 1999 година, таа е првата српска институција на Косово и Метохија, а тоа да не е државата Србија, затоа е од витално значење таа да се формира, рече Дачиќ.
Ново на Сител
-
Апсења во случај на корупција во кој е вклучена агенција на НАТО
-
Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени
-
Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната
-
Пратениците донесоа повеќе закони, долга дискусија по измените на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците
-
Приведен 33 годишник од Битола, при претрес на неговиот дом пронајдени се дрога и воздушна пушка
-
Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС
-
Почна протестот на семејството на Фросина Кулакова која загина во сообраќајка на „Партизанска“
-
Обвинителството бара замена на мерката „притвор“ со „куќен притвор“ за поранешен министер за економија и државен секретар за трагедијата во Кочани