Дачиќ: Србија нема да го поддржи членството на Косово во ОН
Србија, секако, нема да поддржи членство на Косово во меѓународните организации што би значело легализација на еднострано прогласената независност на Косово, вклучувајќи и ги ОН, порача српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.
Дачиќ порача и дека дијалогот меѓу Белград и Приштина е статусно неутрален, и реагирајќи на повикот на амбасадорот Мајкл Кирби, потсети дека САД и Србија имаат различно гледање на еднострано прогласената независност на Косово, што, како што вели, можело да се види и при разгледување на барањата за членство на Косово во УНЕСКО.
Амбасадорот Кирби, имено, рече во интервју за „Новости“ дека нормализацијата на односите Белград-Приштина „подразбира членство на Косово во ОН“.
- Не бараме Србија да ја признае независноста на Косово, туку нормализација на односите Белград-Приштина. Што ќе значи на крајот таа нормализација, на ЕУ останува да дефинира, но според нас тоа значи членство на Косово во ОН, рече Кирби.
Ново на Сител
-
Новите 352 пожарникари потпишаа договори
-
Тема на денот со Петар Богојески, Македонски концепт
-
Битката за Чаир клучна на локалните избори
-
Осуда од ВЛЕН за навивачките скандирања
-
Манасков: Брутална партизација на образованието пред избори
-
Петрушевски: Обвинителот Коцевски служи на СДСМ, наместо на народот
-
Громорозно убиство во Штип
-
Екс директорот на Геријатрија обвинет за земање поткуп, седна во судница