Дачиќ: Приштина без ментори би прифатила поделба на Косово

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека Приштина би прифатила предлог за поделба на Косово ако со нив се разговара без ментори.
– Ако би разговарале отворено за поделба на Косово без ментори, Приштина тргнувајкќи од свои интереси, би го прифатила тој предлог, изјави Дачиќ во интервју за Блиц.
Тој наведува дека и големите сили кога ќе се спомене разграничување и поделба сметаат дека ќе има масовна преселба на жители бидејќи како што нагласи, не земаат предвид дека етничката состојба на терен веќе е во согласност со самиот предлог за поделба.
Дачиќ додава дека големите сили предлогот за поделба на Косово не сакаат да го разгледуваат бидејќи мислат дека прашањето за Косово го затвориле во 2008 година со тоа што признале независност.
Запрашан дали е точна изјавата на претседателот на Народната партија, Вук Јеремиќ дека претседателот на Србија Александар Вучиќ понудл југ на Србија за север на Косово, Дачиќ тврди дека „никакви разговори за обиди за трајно решение на Косово немало“.
– Имаше разни разговори во разни метрополи, размена на мислења, но немаше ништо официјално, Не знам каде некој можел да нуди такво нешто, изјави Дачиќ.
Ново на Сител
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
