Дачиќ: Нема да има дијалог доколку Приштина не ја повлече одлуката за влез со документи со назнака Република Косово
Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави денеска дека е неприфатлива одлуката на приштинската влада српските производи без посебна дозвола да не можат да влезат во Косово, доколку на придружните документи не е назначено „Република Косово“ и дека Бриселскиот дијалог нема да продолжи сè додека не се повлечат сите вакви одлуки.
-Тоа е негација на сите договори во Брисел и со право очекуваме одлуката да биде повлечена, изјави Дачиќ на РТС, додавајќи дека Србија никогаш не прифатила на стоките да стои „Република Косово“ бидејќи тоа би било признание на државноста.
Според него, дијалогот меѓу Белград и Приштина сега е „на респиратор“.
-Тој е во фаза кога не постои, и во целата таа ситуација, разни меѓународни фактори се обидоа да му дадат вештачко дишење на тој дијалог, Меркел, Макрон, пристапот на американската администрација е различен од пристапот на Бајден, Хилари Клинтон, кажа српскиот министер за надворешни работи.
Како што рече, Србија никогаш нема да прифати преку вакви мерки „практично да го признае Косово“.
-Морам да кажам дека (специјалниот пратеник на Доналд Трамп) Гренел реагираше уште порано на начин што е неприфатлив и дека станува збор за манипулација со одлуката за укинување на таксите и дека САД бараат укинување на реципрочните мерки, оцени Дачиќ.
Во Приштина денес е објавена одлуката на владата за воведување дополнителни мерки за реципроцитет кога станува збор за стоките од Србија, со кои се забранува увоз на производи доколку на придружните документи не е назначено „Република Косово“, и се воведува обврската секое возило со стока од Србија да обезбеди посебна дозвола.
Според одлуката, објавена на Фејсбук страницата на косовското Министерство за економија, „во трговските односи со Србија е забрането користење на документи за земјоделски и индустриски производи, кои користат имиња на земји или содржат други елементи кои се во спротивност со Уставот на Косово и на косовското законодавство“.
Во документот се наведува дека се забранува употребата на документи „кои содржат елементи кои ја негираат независноста или суверенитетот на Косово или го третираат Косово како нерамноправно“.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња