Дачиќ: Куманово во 2015 не беше терористички чин за ЕУ, а Бањска е
Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека двојните стандарди кога станува збор за Србија се гледаат и по тоа што нападот на група Албанци од Косово врз македонската полиција во 2015 година не беше терористички чин, но настаните во Бањска беа, и поради тоа дури бара воведување санкции против Србија.
Дачиќ за „Косово онлајн“ изјави дека за ова зборувал и на министерскиот состанок на шефовите на дипломатиите на регионот, како дел од Берлинскиот процес, но дека неговото прашање останало неодговорено.
„Зборував за двојни стандарди. Имено, во 2015 година бев претседавач со ОБСЕ, а во име на ОБСЕ разговарав со македонските власти. Потоа имаше убиство на осуммина македонски полицајци, а терористичка група од Косово која ја сочинуваа поранешни припадници на ОВК беше обвинета за тоа“, потсети Дачиќ.
Тој рече дека никој од меѓународните претставници, вклучително и Европската Унија, не го окарактеризира нападот како терористички чин, иако загинаа осум полицајци.
Исто така, Албанија и Косово им оддадоа почит на терористите од Куманово.
„Бидејќи овде Доника Гервала зборуваше дека Србија се меша во Косово, го нарушува територијалниот интегритет, зборува за терористи, напоменав дека во Домот на културата во Дечани, кој го носи името на нејзиниот татко, беше оддадена чест на терористот кој загина во Куманово. Беше поставен споменик за него“, рече Дачиќ.
Тој додаде дека во тоа време косовската влада давала по 10.000 евра на секое семејство на жртва или осуденик.
„Прашав – дали тогаш кажавте нешто против Приштина. Како сега не ви е срам да зборувате за тоа? Никој ништо не ми одговори за тоа. На сите им е јасно дека се работи за двојни стандарди“, заклучи Дачиќ.
Ново на Сител
-
Трамп положи заклетва за претседател на САД
-
Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка и го оштетиле возилото во кое се превезувал
-
МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и затајување против началник во МВР
-
Кривична пријава против битолчанец за кражба на дрва
-
Си префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машини за да се коцка, кривична за 28-годишна Кочанка
-
Кривична пријава против двајца Турци за фалсификување исправа
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени