Да се вртеше Земјата двапати побрзо, Македонија ќе имаше море, но ќе немаше живот
Земјата постојано се врти, но ние не го забележуваме тоа. Сте се плашале ли некогаш што ќе се случи ако почне Земјата да се врти двапати побрзо.Од друга страна, можеби ќе немате време за гледање телевизија, зашто ќе мора да се прилагодите на покус ден и покуси ноќи. Тоа значи дека ќе морате да го прилагодите спиењето на 4 часа наместо на 8, но ќе мора и да го намалите бројот на оброци.
Годината нема да има 365 дена, туку дури 730.
За некои животни би било речиси невозможно да се прилагодат на новиот биолошки часовник. Животните кои ловат ноќе би изумреле, зашто би имале двојно помалку време за лов.
Вртењето на Земјата би влијаело на климатските промени. Екстремните временски прилики би биле двојно поекстремни. Колку побрзо се врти Земјата, толку побрзо би се вртеле и ветровите, па ураганите би биле двојно побрзи.
Проблем ќе почнат да ни создаваат и океаните. Ако Земјата се врти со 3200 км на час, центрифугалната сила би ја повлекла сета вода од северната и јужната хемисфера кон екваторот. Еквадор, Колумбија, Венецуела, Бразил, Кенија, Индонезија, Сингапур и Австралија делумно или целосно би биле потопени.
Ново на Сител
-

Николоски: Решение за македонските превозници ќе има, проблемот е високо на агендата на Брисел
-

Јаневска: Со новиот Закон за високо образование ние го подобруваме квалитетот на образованието
-

Трамп изјави дека е „срамна“ одлуката на Врховниот суд да ги поништи царините
-

Паднато дрво кај Католичка – затворена улицата „Костурски Херои“
-

Поднесено обвинение за палењето на „Вјесник“
-

По дојава од ФБИ за закана за масовно убиство на Discord, уапсени две лица со арсенал оружје во Мала Речица
-

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничка болница Битола
-

Шест лица под истрага за запленетата марихуана во Србија
