Д-р Петков од Гевгелија на чекор до Еверест
Сите седум алпинисти од мешовитата меѓународна експедиција „Еверест 2018“ се чувствуваат добро и се наоѓаат во одлична психофизичка кондиција за време на тренинзите на Хималаите, рече денеска во краткиот телефонски разговор гевгеличанецот д-р Ѓорги Петков кој е единствен македонец во експедицијата.
- Денеска имаме слободен ден и во моментот сме во базниот логор откако вчера се вративме од кампот 2 на 7.200 метри каде поминавме три ноќи. Таму трениравме поставување јажиња, вертикални и хоризонтални скали кои теба да ги поставуваме на трасата по која ќе се искачуваме, изјави Петков.
Експедицијата утре ќе замине во кампот 3 кој се наоѓа на 7.800 метри и доколку се биде како што е планирано, на почетокот на мај ќе продолжи кон освојување на „покривот на светот“ - Монт Еверест.
Ново на Сител
-
Во Македонија нема доволно пречистителни станици за отпадни води
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Гордан Јорданов од ОМД
-
Научник кој живеел и работел во Нови Сад е Македонецот кој загина на железничката станица
-
Освен „шминка“, потребна е проверка и на стабилноста на објектите
-
Полицијата уапси еден од напаѓачите по синоќешното пукање во Арачиново
-
Убиство во Штип
-
Се интензивираат работите за изградба на автопатот Прилеп-Битола