Д-р Пановски: Му треба време ама Омикрон ќе дојде и кај нас, мора да има рестриктивни мерки
Епидемиолошката состојба со ковид-19 во Северна Македонија е стабилна, засега нема да се воведуваат нови мерки и рестрикции, а внимателно ќе се следи состојбата со ширењето на новиот сој омикрон, најавија здравствените власти.
– Без разлика на новиот сој омикрон, рестриктивни мерки треба да има – вели микробиологот д-р Никола Пановски за Дојче веле.
– Омикрон ќе дојде, ама му треба време. За него ќе треба да се обрне внимание пред Нова Година. Но, да не чекаме да се повтори ситуацијата како со делта сојот. Тогаш сметаа дека нема потреба од контрола на границите за граѓани кои доаѓаат од земји со висока трансмисија на делта сојот, а кога воведоа мерки – се однесуваа за излегување од земјава – потсетува д-р Пановски.
Според него, најдобро е во овој период училиштата да преминат на онлајн настава, или барем на комбиниран модел „пола – пола“.
– Исто така, по 22 или 23 часот не треба да има собирања надвор, а бројката на присутни во угостителски објекти да се редуцира на 30% – смета д-р Пановски.
За вакви мерки веќе се размислува во повеќе земји, со оглед дека претсои период на поголема флуктуација на луѓето поради божиќните и новогодишните празници. Во земји со голема дијаспора, како што е и Северна Македонија, уште пред празниците почнува помасовно користење на одмор во татковината од страна на иселениците. Незаобиколив ризик-фактор се и претстојните православни слави, на кои се собираат повеќе луѓе, што и без присуство на омикрон, ја компликува состојбата.
Ново на Сител
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали се отвара пат Андов да избега?
-
9 години се бара правда за убиството на Димитар