Д-р Пановски: Да се затворат рестораните за да се спречи ширењето на вирусот

Надлежните да признаат каде најмногу се шири коронавирусот, а не во интерес на економијата да се затскриваат зад напишани казни за неносење маски на улица, бидејќи на отворено и со држење дистанца вирусот не се шири, изјави за Алфа микробиологот Никола Пановски.
– Сите мерки, додека работат кафeани, кафулиња, фитнес клубови, коцкарници и обложувалници се депласирани, без разлика дали од 22 до 5 часот. Казнување луѓе по улица поради тоа што не носеле маски нема никаква врска со ширењето на епидемијата. Се знае каде се шири епидемија. Рестораните, барем според мене, не треба да работат. Од економски причини работат, па плаќаме со болест и животи, а друго е што таму внатре не се почитуваат мерките, бидејќи во кафичите секојдневно гледате како стојат на коњопои на триесет сантиметри без маски – вели професор доктор Никола Пановски.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
