Д-р Лазаров напиша дека прокиснала модуларната болница до Инфективна, КИБФС демантира
Модуларната болница во Скопје е затворена, бидејќи прокиснала и водата стигнала до струјата, напиша на Фејсбук доктор Ненад Лазаров. Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби посочија дека оваа информација не е вистинита, односно, се појавило „мало количество на водени капки“, но во ниту еден момент немало допир со електричната енергија.
- Затворена модуларната „болница“ до Инфективна, прокиснала и стигнала вода до струја, стои во објавата на Лазаров.
Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби (КИБФС) реагираа на информациите дека во модуларната болница во склоп на Клиниката е избегната хаварија.
Оттаму велат дека во модуларната болница немало никаква хаварија, бидејќи ниту се случила поплава во болницата, ниту вода била во допир со струјата. На едно место, како што додадоа, се појавило мало количество на водени капки, но во ниту еден миг не биле во допир со електричната енергија.
– Модуларната болница која е помошно инфективно одделение на КИБФС од пуштањето во употреба трипати беше отворана и затворана согласно потребите за третирање пациенти. Во еден период во модуларната болница се одвиваше и имунизација на здравствените работници, посочија од КИБФС.
Ново на Сител
-
Голем пожар во Трубарево
-
Граѓани на “Водно” бараат спас од загадувањето од депониите
-
На полноќ истекува рокот во ДИК за поднесување кандидатски листи
-
Владата планира целосно автопатско решение на Прилеп со изградба на автопат од Прилеп до Фариш преку Плетвар
-
Македонската текстилна индустрија во „Слободен пад“
-
Забрзано исчезнуваат големи количини вода од Преспанското езеро
-
Модернизација и поголема финансиска поддршка, услови за напредок на македонското земјоделство
-
Полицијата истражува дали пожарот во Дрисла е подметнат