Д-р Беќаровски предлага: Да ги истестираме за антитела сите ученици пред почетокот на новата учебна година
Д-р Нико Беќаровски предлага сите ученици да се тестираат за антитела пред почетокот на учебната година, операција, што според неговите пресметки, ќе чини околу 2 милиони евра.
-Во Македонија има околу 220.000 ученици во основното и средното образование, од кои повеќе од 20.000 официјално го прележале вирусот, а сигурно уште 2-3 пати повеќе асимптоматски го прележале. Ајде сите овие наши 220.000 деца да ги истестираме пред почетокот на новата учебна година за присуство на антитела кон SarsCov-2. Целата операција би чинела 2 милиони евра, а би добиле јасен показател колку ќе биде безбедна наставата со физичко присуство, а индиректно и јасен параметар колку сме блиску, или далеку, од создавање на колективен имунитет, вели Беќаровски.
Освен тоа, тоа им предлага на политичките партии наместо парите да ги даваат за реклами за претстојните локални избори, тие да ги наменат за тестирање на учениците.
-Во октомври ќе се одржат локални избори и политичките партии ќе потрошат десетици милиони евра за рекламирање на своите кандидати, иако сум длабоко убеден дека ниту еден граѓанин не ја сменил својата одлука за кого ќе гласа, врз основа на ова рекламирање. ПОЧИТУВАНИ раководства на политичките партии, ајде сите договорете се заедно и бесцелно потрошените пари за глупи реклами, пренасочете ги за тестирање и за други хумани и еколошки цели. Направете барем еднаш нешто добро за тие чиј глас очајно го барате. Бидете барем еднаш вистински патриоти, а на партократи, вели Беќаровски.
Ново на Сител
-
Пронајдена дрога на работното место кај полицаец од Охрид
-
Сиљановска-Давкова: Секое дете може да дојде до израз ако му се даде шанса
-
Почна нов циклус на обуки на АХВ за едукација на потрошувачите
-
Одбележан Денот на Првата пешадиска бригада
-
СДСМ: Mицкоски да не се кити со туѓи перја
-
Дебарските пожарникари за три месеци евидентирале 31 интервенција
-
Вардар во Велес излеан на кејот, а во Градсиот парк поплавени дрвјата покрај брегот
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 4 април