Loading Video...
Фудбал
6. August 2018 - 18:47

Ц.Звезда или Розенборг!?

Македонскиот првак Шкендија во среда гостува во Салцбург во рамките на 3. Квалификациско коло од Лигата на шампионите.  Победа во овој двомеч за тетовчани отвора пресметка во баражот со победникот од двомечот Црвена Звезда – Спартак Трнава.  

                Нема дилеми станува се поинтересно но и пожешко за фудбалерите на Шкендија во фудбалска Европа.  Особено по денешното извлекување на двојките за баражот за пополнување на групната фаза од Лигата на шампионите.  Кој не би посакал дуел со некогашниот европски првак Црвена Звезда и фудбалски гигант на балканските простори.

            Токму таква можност му се отвора на македонскиот првак кој  сигурно во Салцбург има голема пречка по елиминацијата на ТНС и Шериф.

            Првата средба се игра во Австрија во среда од 19ч.  

            Доколку не успее не успее да го мине Салцбург Шкендија ќе ги продолжи натпреварите во Лига Европа каде за влез во групната фаза ќе се бори со победникот од двомечот Корк Сити – Розенборг.

            Бараж дуелите за  групната фаза од Лигата на шампионите се закажани на 21.22 август а реваншот е 7 дена подоцна.